Бизнис
5. March 2021 - 16:32

Нема одложување на рокот за завршните сметки

Пролонгирање на рокот за поднесување завршни сметки, бараат сметководителите. Владата не им дозволува. Секој втор или бил заболен од Ковид или во моментов е болен или во изолација, е аргументот на Комората, од каде стравуваат дека нема да стигнат квалитетно да ги завршат извештаите, од кои пак, зависат сите економски проекции. 

„Сите податоци од кои државата ги прокетира економските бројки з араст, за инвестирање, и слично се прават врз база на овие бројки кои ние ги доставуваме за фирмитер. Со погрешни или неточни бројки од старт имате погрешна основа за погрешни проекции“, изјави Александра Андреева, Комора на сметководители.

Министерот за економија Бектеши им возврати – по сите анализи и консултации со ресорните министерства, сметководителите и не биле во толку лоша состојба.

„Што се однесува до сметководителите, ние веќе направивме консултации во рамките на институциите, односно меѓу министерствата за економија и за финансии, Управата за јавни приходи и Централниот регистар, и одлучивме да нема пролонгирање што се однесува до подготвување и истовремено за доставување на завршните сметки од сметководителите, преку кои се доставуваат завршните сметки на компаниите. А ова е од причина што имаме предвид дека сметководителите и не биле толку погодени од панемијата во претходната година“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.  

Роkот за поднесување завршни сметки во хартиена форма истече на 28 февруари, додека електронски е до 15 март.  Сега бараат, да се пролонгира до крајот на март, без да се менува постоечкиот Закон.