Бизнис
19. November 2019 - 19:43

Нема одговор од Владата за барањето на стопанствениците за намалување на царините за увоз

Странските компании во земјава не добиле конкретен одговор од владата дали ќе има намалување на царините за увоз  – едно од нивните основни барања.

Иако сметаа дека тие треба да се намалат затоа што дел од нив се повисоки од оние во унијата, од владата тврдат неопходни се дополнителни анализи за да се види како ќе се надокнади дефициот  кој може да се јави во буџетот.  Посочиле дека земјава ќе има обврска да ги усогласи   цариснките тарифи со европските кога ќе стане дел од Унијата. 

Освен добра бизнис клима за вложување, странските престставници сметаат  дека земјава  на странските  пазари може да продаде многу повеќе од она сега.

Со намалувањето на царинските давачки инвеститорите сметаат дека  нивните производи ќе станат  поконкуретни затоа што најголем дел од суровните за производство ги внесуваат од надвор.

Во вкупниот износ на странски вложувања во предничат  австриските компании.