Loading Video...
Македонија
21. January 2021 - 16:40

Нема британска мутација во земјава

Во Македонија досега не е изолиран новиот мутиран тип на коронавирусот кој беше детектиран во Велика Британија во декември. Според информации на Сител од Министерството за здравство последните генетски анализи направени во МАНУ врз примероци од последните две недели покажале дека се работи за ист геном како и на почетокот на есента. Министерот за здравство неодамна изјави дека токму еден од условите за понатамошно олабавување на мерките ќе биде и евентуалното присуство на новата мутација во нашата земја. 

Инаку за британскиот сој на корона светски епидемиолози тврдат дека е дури за 50 проценти позаразен и почесто ги напаѓа помладите лица. Досега е регистриран во 20-тина држави.

Токму поради мутацијата и научници стравуваат дали актуелните вакцини ќе штитат и од новите поттипови на Ковид -19, а од друга страна пак компаниите уверуваат дека нивните производи имаат ефикасност и против новите соеви на вирусот.