Бизнис
21. September 2021 - 16:46

Неизвесноста од ковид пандемијата го држи бизнисот во грч, влоговите растат, кредитирањето се намалува

Стопанството и натаму е во грч. Бизнисмените се воздржуваат од инвестиции затоа што неизвесноста продолжува. Последните податоци на НБРМ за август покажуваат дека штедните влогови на фирмите се зголемиле за 4%, а кредитирање се намалило за 0,8%. За бизнис секторот ова е јасен сигнал дека компаниите не можат да проценат како ќе се равзива ситуацијата со короната и одлучуваат парите да ги чуваат во банка иако каматите таму никогаш не биле пониски од сега.

Ако состојбата со ковид се стабилизира, а темпото на вакцинација забрза, според анкетата на СКМ, македонските компании во наредните 12 месеци се подготвени да вложат околу 160 милиони евра. Но, за ова освен стабилна здравствена состојба ќе биде потребна и државна поддршка посебно во изнаѓањето нови пазари и зголемувањето на продуктивноста.

Вкупно, заклучно со август заштедите и на фирмите и на домаќинствата растат побрзо од кредитите. Депозитите во земјава се зголемиле за близу 10%, а кредитите за околу 6,5%.