Бизнис
21. October 2016 - 19:41

НБРМ: Граѓаните најмногу земаат потрошувачки кредити

За една година домаќинствата се задолжиле за нови 140 милиони евра. Заклучно со септември годинава банките и штедилниците одобриле 2 милијарди и 57 милиони евра кредити на населението. Лани во истиот период сумата изнесувала милијарда и 917 милиони евра.

Речиси половината од кредитите се потрошувачки, а домаќинската за период од една година се задожиле со нови 132 милиони евра по овој основ.

На станбените кредити во септемрви отпаѓаа 538 милиони евра или 65 милиони повеќе од ланскиот септември.

Најмал е интересот за автомобили на кредит. Оваа категорија веќе извесно време се намалува. Пред еден месец имало 5 милиони 200.000 евра автомобилски кредити или 2 милиони евра помалку споредено со септември минатата година.

Статистиката на НБРМ за минатиот месец покажува дека Македонците повеќе се задолжувале, но и поредвоно си ги плаќале кредитите. Спорните побарувања минатиот месец изнесуваа 56 милиони евра и се речиси преполовени споредено со лани.