Бизнис
22. March 2018 - 19:50

НБРМ бележи благ пораст на кредитирањето на фирмите

Зголемена паричната маса во февруари за речиси 7,5%, како резултат на растот на заштедите на граѓаните и фирмите. Народната банка објави дека 6 милијарди евра изнесуваат готовите пари во оптек и депозитите, од кои 5,5 милијарди евра се замо заштеди, во најголем дел на домаќинствата.

Тие месечно бележат пораст од 1,4 отсто, а  годишно за 7%. И кредитите во истиот период  бележат благ пораст, пред се, поради зголемување на кредитирањето на домаќинствата.

Вкупно 4,8 милијарди евра изнесуваат кредитите кај фирмите и домаќинствата. , од кои 2,5 милијарди евра се кредити дадени на  корпоративниот сектор, а 2,3 милијарди евра на домаќинствата.

За пораст на кредитирањето, овој месец гувернерот Богов ја намали референтната камата, која треба да ги стимулира банките повеќе да ги кредитираат фирмите, а помалку да вложуваат во благајнички записи

-  Условите се стабилни веќе подолг период, банките се високо ликвидни и неопходно е да се врати довербата кај инвеститорите, да се зголеми побарувачката за кредити, а банките се подготвени и може да ги испорачаат кредитите, но потребни се квалитетни проекти и посилна инвестициска активност,, изјави гуверенрот на Народна банка, Димитар Богов.

Според податоците на Народна банка, граѓаните најчесто земаат потрошувачки кредити – 1,2 милијарди евра, а двојно помалку, односно  650 милиони евра во февруари изнесувале  станбените.  За кредитни картички населението  должи речиси  200 милиони евра, додека за минусни салда натековните сметки  104 милиони евра. Народна банка објави дека ѓраѓаните  најмалку се задолжуваат за купување автомобил. По овај основ  одобрените кредити изнесуваат 5,1  милион евра.