Кошарка
6. February 2016 - 13:00

НБА лига: Сан Антонио во чекор со Голден Стејт

Кошаркарите на Сан Антонио остварија висока победа на гостувањето кај Далас откако ноќеска го победија со 116:90. Победникот беше решен во првиот дел, кој Сан Антонио го доби со 62:26. Најефикасен на натпреварот беше Каваи Леонард со 23 поени, од кои 16 во првиот дел. Ова беше 42.ра победа за „мамузите“ со 8 порази, додека шампионот Голден Стејт има 45 победи и 4 порази. На Исток најдобар биланс има Кливленд со 35-14 (победи-порази), а ноќеска загуби дома од Бостон.
 
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Атланта – Индијана 102:96,
Шарлот – Мајами 95:98,
Орландо – ЛА Клиперс 93:107,
Вашингтон – Филаделфија 106:94,
Бруклин – Сакраменто 128:119,
Кливленд – Бостон 103:104,
Њујорк – Мемфис 85:91,
Денвер – Чикаго 115:110,
Јута – Милвоки 84:81,
Далас – Сан Антонио 90:116.