НБА ќе им понуди на играчите сезона со 50 натпревари доколку почеток е на 18 јануари
Раководството на НБА лигата ќе мора значително да ја скрати сезоната доколку се донесе конечна одлука за започнување на шампионатот на 18 јануари.
Според Марк Стејн, новинар и инсајдер во НБА, телевизиите нема да дозволат сезоната да се протега до средината на јули, бидејќи тоа сериозно ќе го погоди рејтингот на натпреварите – вклучително и поради ривалството со преносите на Олимпијадата во Токио.
Во овој случај, регуларниот дел од сезоната ќе треба да се одржи до летото, а тимовите најверојатно нема да го издржат тешкиот распоред од 14 натпревари месечно. Единствениот излез е уште повеќе да се скрати лигата, од 72 на 50 натпревари.
Кошаркарите на НБА ќе забележат значителен пад на платите со толку кратка сезона, бидејќи исплатите се засноваат на бројот на одиграни натпревари во регуларниот дел од сезоната.
Да потсетиме, НБА го советува Сојузот на играчи да ги одржи првите натпревари во сезоната на 22 декември.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак