-->
-->
НБА: Детроит израмни клупски рекорд од 2008
-->
Кошаркарите на Детроит го запишаа својот осми последователен триумф во НБА лигата, совладувајќи го бранителот на титулата Бостон со 117-97 на домашен терен, со што го израмнија клупскиот рекорд од пред 17 години.
Последен пат кога Детроит успеа да наниже осум или повеќе победи беше помеѓу 23 јануари и 13 февруари 2008 година.
На полувремето екипите беа изедначени (55-55), но во вториот дел домашните постигнаа 62 поени, а примија само 42. Детроит до победата го предводеа Малик Бисли со 26 поени за 22 минути и Кејд Канингем, кој имаше 21 поени и 11 асистенции.
Од друга страна, актуелниот НБА шампион Бостон со поразот во Детроит ја прекина серијата од шест последователни победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ апелира на воздржување од провокативна реторика и активности по вчерашната пресуда за Додик
-
УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов
-
Мицкоски : Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме
-
Кочински: Се очекува постепено намалување на активноста на вирусот на грип
-
Осум лица се уапсени по пронаоѓањето 31 дете во Брчко, во истрагата вклучен Европол
-
Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари
-
Песков: Русија нема намера да ги врати окупираните територии на Украина
-
Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка бидејќи е разрешен пред три месеци