Македонија
11. December 2019 - 17:49

Наумовска ја посочи вината кај родителите за дивеењето на учениците во училиштата

Како децата ќе се однесуваат во училишните клупи, зависи од домашното воспитување, рече заменичката-министерка за образвание и наука. Ова следи откако на инстаграм се појави нов, речиси идентичен профил како претходниот каде ученици дивееа на часови, а потоа ги објавуваа видеата. Заменичката-министерка посочи дека педагошки мерки за несовесните тинејџери мора да има.

Од МВР велат дека не се запознаени дека постои нова група, ниту пак некој пријавил. На претходниот случај, се уште работеле.

На новиот профил, на македонски јазик, се уште нема објавени видеа. Овој за разлика од претходниот не е јавно достапен, но го привлече вниманието на тинејџерите. Ако вчера имаше 29 корисници денеска бројката се искачи над над 250. Претходните два, по скандалот, беа експресно избришани.