Loading Video...
Свет
27. May 2023 - 16:27

НАТО ги повика институциите во Приштина веднаш да ја деескалираат ситуацијата на северот на Косово

НАТО ги повика институциите во Приштина веднаш да ја деескалираат ситуацијата на северот на Косово, по вчерашните судири меѓу специјалците и граѓаните во српските општини. Ситуацијата во моментов е мирна, а косовската полиција е влезена во општинските згради каде треба со работа да почнат новите албански градоначалници кои беа избрани на избори кои ги бојкотираа Србите. Акцијата на косовските власти ја осудија САД и ЕУ. Во меѓувреме, Белград ја крена воената готовност на највисок степен. По наредба на Советот за безбедност припадниците на војската се разместени на адиминистаривната линија меѓу Србија и Косово.