Бизнис
26. July 2016 - 19:40

Наскоро нови 450.000 евра за иновативните компании

Нови 450.000 евра за иновативните компании. Денеска заврши вториот оглас на Фондот за иновации, а парите ќе бидат распрделни во наредните неколку месеци. Инвестирањеро во иновациите и технолошкиот развој е суштиноско, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Според него, меѓународен борд од експрети сега ќе врши евалуација на пристигнатите проекти и ќе препорача на Владата кои од проектите се вредни за инвестирање. 

- Задоволство ми е што успеавме овој проект да го истуркаме од самиот почеток од една идеја кога неколку луѓе разговаравме во Владата и одлучивме дека Македонија треба да добие Фонд за поддршка на иновациите. Стартувавме со комитет за иновации, потоа тој комитет подготви закон, се создаде Фондот, се опреми логистички и сега е во фаза кога може да доделува средства за инвестиции, посочи Груевски.

За првиот оглас годинава беа предвидени 1,35 милиони евра. Во оваа фаза 33 проекти добиле средства, а 16 се веќе во завршна фаза на модлеирање и лансирање на производот.

- Има многу интересни производи кои ќе бидат претставени наскоро и кои веорјатно ќе и бидат интересни на јавноста и ќе бидат комерцијализирани. Се надевам дека некои од нив ќе ги надминат границите на Македонија и ќе бидат производи кои ќе се продаваат во целиот свет, а ќе отворат и нови работни места. Ако само еден производ успее да се наметне како интерес во целиот свет може да донесе огромен број вработувања ако доведе до помасовно производство во Македонија, оцени Груевски. 

За оваа година планиран е уште еден оглас во вредмост од 2,2 милиони евра, но дали ќе биде објавен ќе зависи од евентуалните избори.