Бизнис
28. September 2016 - 19:36

Народната банка предупредува - не инвестирајте во дигитална валута onecoin

Народната банка со предупредување до македонските граѓани кои инвестираат во дигиталната валута „Onecoin“.

Купувањето, односно инвестирањето од страна на физички лица во дигитални валути, според регулативата на Mакедонија, не е дозволено.

Доколку самата банка, на кој било начин, добие сознание дека при плаќањето се работи за вложување во дигитални валути, таа треба да го одбие извршувањето на трансакциите – препорачува Централната банка.

Од НБРМ предупредуваат и на ризиците, објаснуваат дека може да има реална загуба на вложените пари, дигиталните пари можат да бидат украдени, вредноста брзо да им се намали, а трансакциите поврзани со дигитални валити може да се користат при криминални активности, вклучувајќи го и перењето пари.