Бизнис
7. November 2019 - 16:34

Народната банка останува на проекција на растот на БДП од 3,5%

Изборите можат да ја забават економијата. Засега, НБРМ не ја менува проекцијата за раст. Сметаат дека годинава БДП ќе порасне за 3,5%, но сепак остатаваат простор за корекции во зависност од тоа што ќе содржи буџетот за идната година.

Заради априлските избори, експертите веќе предупредија дека буџетот ќе биде предизборен, со ветувањата за поголеми плати, тоа може да влијае на растот. Гувернерката сепак, се надева дека ефектот ќе биде краткотраен.

Дали ќе се реализира сценариото на раст од 3,5% зависи и од реализацијата на капиталните инвестиции. Ако динамиката забрза ќе биде поволно за екононимијата, засега е слаба само околу 40% од планираното.

Ризик за домашната економија носи и забавувањето во Европа, посебно на идустријата во Германија каде завршува поголем дел од макеоднскиот извоз. Но, според НБРМ, забавувањето нема да трае долго. Затоа, за следната година прокецијата е дека растот на економијата ќе стигне до 3,8%, а на среден рок до 4%.