Loading Video...
Фудбал
27. September 2021 - 10:52

Наполи ја продолжува победничката низа во Серија А

Екипата на Наполи за која настапува македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас продолжува со максималниот ефект во италијанската Серија А. 
 
Наполитанците ја остварија и шестата победа во исто толку одиграни средби сезонава, откако пред својата публика го победија Каљари со 2-0. 
 
Головите за Наполи ги постигнаа Нигериецот, Виктор Осимхен во 11-тата и Лоренцо Инсињер од пенал во 57-минута. 
 
Елмас влезе во вториот дел од натпреваро и ги одигра завршните дваесетина минути. 
 
Наполи е лидер на табелата со максимални 18 бодови, а зад него се Милан со 16 и Интер со 14, додека Рома и Фиорентина досега собраа по 12 бодови. 
 
Токму Фиорентина ќе биде следниот предизвик за тимот од Неапол.