Loading Video...
Свет
10. December 2019 - 22:17

Напаѓачот кој уби шест луѓе во болница во чешкиот град Острава, си го одзел животот во својот автомобил

Напаѓачот кој уби шест луѓе во болница во чешкиот град Острава, си го одзел животот во својот автомобил, соопшти полицијата.

Нападот се случил изутрината во Универзитетската болница во Острава, а мотивот засега не е познат. Пукањето се случило во чекална во болницата. Напаѓачот почнал да пука и од непосредна близина ги убил луѓето, а потоа побегнал.

Полицијата го идентификуваше како 42-годишен маж, кој неофицијално бил пациент во болницата.