Македонија
6. February 2016 - 13:06

Нападанат и ограбен таксист во село Усје

Таксист од Скопје е нападнат и ограбен ноќеска по полноќ  во село Усје.

Како што соопшти МВР,   Т.З (51) во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека ноќеска околу 1 часот и 30 минути на последната постојка на автобус бр.22 во село Усје, додека оставал патник со неговото такси возило, бил пресретнат од патничко возило од кое излегле три засега непознати машки лица. Без повод и причина влегле во неговото возило, почнале да го удираат со боксови по лицето и телото барајќи му пари, по што едното лице од џебот од јакната му одзел мобилен телефон марка „ЛГ“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.