Loading Video...
Тенис
13. September 2020 - 14:48

Наоми Осака го освои УС Опен

Јапонската тенисерка Наоми Осака е победничка на отвореното тениско првенство на САД. 
 
Таа во финалето во Гренд-слемот УС Опен, за безмалку 2 часа ја победи Викторија Азаренка с0 2:1 во сетови. 
 
Иако Белорусинката, го доби првиот сет убедливо со 6-1, сепак во следните два Јапонката успеа да се врати во игра, па вториот и третиот сети доби со идентични 6-3. 
 
За Осака ова е втор успех во Њујорк, откако пред две години (2018) за прв пат освои трофеј од Грен-слем турнирите и тоа на УС Опен, а мината година триумфираше и на Австралија опен.
 
Вечерва во 22 часот ќе се игра финалето во машка конкуренција, а за трофејот ќе се борат 2-носител, Австриецот, Домимник Тим и 5-то рангираниот во Њујорк, Александер Зверев од Германија.