Наместо споменик на културата првото училиште на Македонски јазик во село Подвис оставено да се распаѓа

Местото каде есента 1943 г. во селото Подвис почна со работа првото слободно училиште на Македонски јазик што претстатуваше гордост и исполнување на сонот за училиште на мајчин Македонски јазик, денес е срам за сите генерации политичари кои дозволија истото да се распадне без трошка грижа за истото.
Кичево е првиот град кој на 8 и 9 ти Септември во 1943 година се ослободил од фашистичкиот окупатор а само 12 дена подоцна училиштето во Подвис каде дотогаш наставата се одвивала на српски јазик почнала да се изведува на Макеоднски јазик. Честа да учителствува во тоа време ја добил наставник Василко Ристевски, кој на првиот час и на секое следно влегување ги поздравувал учениците со поздравот: СМРТ НА ФАШИЗМОТ а учениците му враќале: СЛОБОДА
Иво Најдески, претставник на младата генерација историчари вели: Негрижата и недоволното познавање на историјата доведоа до тоа ова културно богатство да се распаѓа
Учениците кои тогаш биле дел од оваа училиште, е генарација која го доживеала она што сите пред нив само го сонуваа, да учат на мајчин јазик. Бране Гавриловски, наставник по математика во основно училиште во Кичево, е одлично запознаен со тоа како работоело училиштето тогаш, со оглед на тоа што неговите татко и тетка биле во првата генерација ученици во Подвис. Во тоа време немале тетратки и листови за пишување па наставата се одвивала користејќи пиши бриши таблички.
Згадата која сега прокиснува, се распаѓа и е небезбедна за движење низ неа, некогаш било училиште со сала за приредби, посебен влез на учениците и наставниците, канцеларија и училници, така на тоа се сеќава Бране по кажувањата на неговите родители
Како човек од образованието ова е жалосно и срамота да се гледа вели Бране Гавриловски. Она што тогаш било современо училиште во кое се образувале деца и се учело на наш јазик, сега се распаѓа од наша негрижа а треба да биде национална гордост. Бране појаснува дека некогаш овде се одржуваа култруни настани и се одбележуваше 23 септември како историски датум.
Зградата на училиштето во Подвис е објект од исориско значење и културно наследнство на Македонија а сликата која таму ќе ја видите освен тага, срам и гнев не може да предизвика ништо друго, затоа што некогашното училиште на македонски јазик сега е збиралиште на змии и животни.
Кога нашите политичари објавуваат фотографии и цитати по повод денот на македонскиот јазик, можеби е добро да ја видат сликата од училиштето во Подвис, па да се надеваме дека националните чуства некогаш кај некого ќе проработат па исориските места како ова училиште ќе добијат соодветен третман и ќе бидат гордост за сите.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата
-

Малолетник повреден со нож во скопски Центар, завршил со исекотини на клиника
-

Кривична против тетовец, договорил купопродажба на нотар, а возилото го продал на трето лице
-

Традиционална комеморација на загинати 33 македонски борци под француско знаме на македонски фронт 1914-1918 во Коломбел
-

МВР со важно известување: Во петок во Ѓорче ќе се уништуваат гранати
-

Трамп во писмо до израелскиот претседател Херцог побара да го помилува премиерот Нетанјаху
-

Перински од Струмица: Локалниот развој не е политика, туку одговорност кон граѓаните
-

Николоски: Брза пруга до Солун, олеснување на постапката за изградба на хотели се дел од проектите за развивање на туризмот по Коридорот 10 или автопатот Е 75
