Македонија
3. August 2021 - 13:13

Најстарата куќа во Струга не може да биде реставрирана

Најстарата куќа во Струга лоцирана во строгиот дел на чаршијата која д ден во ден се распаѓа неможе да биде заштитена.Објектот на Ќатовци изграден пред 150 години со автентични чардаци и препознатлива фасада претставува опасност за минувачите низ шеталиштето ,но не може да биде конзервирана бидејќи нема согласност од сопствениците . Од Завод и музеј велат дека

Во состојба кога има нарушени имотно правни односи не можат да преземат никакви мерки за заштита, реставрација и конзервација на куќата.

Во Струга од вкупно 12, досега конзервирани и заштитени се шест автентични староградски куќи споменици на културата.

После заштитата на спомен куќата на Миладиновци, Владо Малески и Коџоман идната година во градот на мостовите ќе се конзервира зградата на Народна одбрана.