Најмногу снег и најстудено во Маврово
Најмногу снег и најстудено изутринава е во Маврово, каде што снежната покривка е седум сантиметри и се измерени минус шест степени. Минус пет степени се измерени во Пожаране, - 4 во Крушево, -3 и во Дебар, Тополчани и Лазарополе, -2 во Берово, Куманово, Прилеп и Штип, а во Скопје - 1.
Изутринава времето во Македонија е облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови врнежите се претежно од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
До крајот на денот ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на метар квадратен. Во поголем дел од државава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилпен ветер од северен правец.
Максималната темтпература денеска во земјава ќе достигне од 1 до 6 степени.Скопје, облачно со врнежи од снег и со слаб до умерен ветер од североисточен правец правец. Температурата ќе достигне до 2 степена.
Утре се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Викендот во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората