Свет
22. March 2018 - 12:20

Најмалку шест загинати во експлозија во фабрика за хемиски производи во Чешка

Најмалку шест луѓе загинаа денеска во експлозија во фабрика за хемиски производи во Чешка.

Портпаролката на противпожарната служба Владимара Керекова изјави дека има и повредени, но не прецизира колкав број.

Експлозијата одекнала во фабриката за хемикалии Синтос северно од Прага. Причината за експлозијата засега не е соопштена.