Најмалку 800 жртви во светот поради дезинформации за Ковид-19
Најмалку 800 луѓе починаа низ целиот свет поради дезинформации поврзани со коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научници.
Според студија објавена во Американскиот журнал за тропска медицина и хигиена, околу 5.800 луѓе биле примени во болница како резултат на лажни информации на социјални медиуми.
Би-Би-Си пренесува дека многумина починале затоа што пиеле метанол или алкохолни средства за чистење. Тие погрешно верувале дека овие производи се лек за вирусот.
Светската здравствена организација (СЗО) претходно објави дека „инфодемијата“ околу Ковид-19 се шири толку брзо како и самиот вирус, а теориите на заговор, гласини и културна стигма придонесуваат за смрт и повреди.
Многу од жртвите следеа совети кои потсетуваат на веродостојни медицински информации – како што се јадење голема количина лук или голтање големи количини на витамини – како начин да се спречи инфекцијата, велат авторите на студијата.
Други пиеле супстанции како што е кравја урина. Сите тие дејства имаа „потенцијално сериозни последици“ за нивното здравје, велат научниците.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок