Свет
27. November 2021 - 8:41

Најмалку 19 загинати и 32 повредени патници откако автобус се заби во куќа во Мексико

– Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, соопштија властите, пренесе ДПА.  

Автобусот удрил во куќа во малиот град Сан Хозе Ел Гард, на околу 50 километри југозападно од Мексико Сити, откако му откажале сопирачките, соопштија властите. Автобусот патувал од западната држава Мичоакано, до местото за аџилак Чалмо, се наведува во соопштението на властите.

Меѓу повредените има и малолетници. Според медиумите, сите патници биле аџии. Мексиканскиот помошник секретар за безбедност Рикардо де ла Круз изјави дека ќе оди на местото на несреќата за да ги координира напорите за помош на повредените и поддршка на семејствата на жртвите.