Бизнис
19. January 2022 - 16:31

Најголем дел од невработените без или со недооформено образование

Во земја со над 130.000 невработени, компаниите тешко наоѓаат работници. Причините за ваквата ситуација на пазарот на труд се бројни, главно е тоа дека државата во послендите 30 години престана да продуцира стручни кадрри, некои профили целосно згаснаа, наместо на струка децата се насочуваа кон гимназиите, а проблем создава и менталитетот – се учи за оценка и нема подготвеност работа да се бара и надвор од местото на живеење.

Според податоците на Агенцијата за вработување, од 130.000 невработени, над 67% се без основно или со непотполно средно образование. За вавите работници тешко се наоѓа место на пазарот на труд. Од друга страна, над 32.000 невработени се со средно, а уште 10.000 се со факултет, магистри и доктори на науки. Но, Дојчиновски вели дека тие иако поленсо се вклопуваат во процесот на работа, допонителните обуки се задолжителни.  

Лани во земјава имало 130.000 невработени. Но, податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека над 97.000 нив или близу 75% се во евиденција подолго од една година. Ваквите лица се сметаат за долгорочно невработени и најтешко наоѓаат работа.