Македонија
4. August 2021 - 19:51

Нафтата поскапа за 3,5 денари

Дополнителната акциза за дизелот ја немаше само две недели. Од вчера повторно е вратена. Дизелот од полноќ е поскап за 3,5 денари по литар, а два денари од нив отпаѓа повторно на дополнителната акциза. Во одлуката за Регулаторна комисија стои дека промените на цените на светските берзи и  на на законот за акциза, член 92.

Според опозициската ВМРО ДПМНЕ, ова е тајно шверцерско зголемување на акцизата од 15,50 на 17,50 денари за литар. 

„Цената на дизел горивото, како и останатите горива влијае врз цените на многу производи, многу услуги, вклучително и патниот транспорт и ваквите покачувања кои што се случуваат и ќе се случуваат ќе имаат импликации на потрошувачката кошничка за граѓаните, односно, ќе се зголеми цената на животниот стандард. И тоа само затоа што Владата на СДСМ и нивната коалиција крадеше од граѓаните и сега дупките во Буџетот ќе ги полнат преку парите на граѓаните “, изјави Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

На 19 јули кога беше укината акцизата прес службата на Владата испрати соопштение во кое наведе дека се укинува доплнителната давачка за да се заштити стандардот на граѓаните. За таа цел, стоеше во соопштението, Владата во апил го изменила законот и утврдила варијабилна акциза. Кај дизелот таа изнесува 2 денари како сега кога цената на свестките берзи е меѓу 400 и 600 долари за тон.

Овој пат Владата не испрати соопштение за зголемената акциза, која во моментот кога цената на берза ќе надмине 600 долари повторно ќе биде укината.

Допрва цената на горивата ќе бидат зголемени и за 3,5 денари по литар заради еко таксата.