Loading Video...
Тенис
26. April 2021 - 14:46

Надал се врати на 2.место на АТП листата

Понеделнички вообичаено се објавуваат и најновите тениски ранг листи 
 
По триумфот на турнирот во Барселона, Рафаел Надал се врати на второто место на АТП листата, потиснивајќи го за една позиција Русинот Данил Медведев. Тоа е единствената промена во ТОП 10, на АТП листата објавена денеска. 
 
И натаму, веќе 318-та недела по ред прво рангиран е Србинот, Новак Ѓоковиќ кој најверојатно поради повреда нема да настапи на Грен-слемот Роланд Гарос.
 
Покрај овие тројца, меѓу десетте најдобри уште се и: Доминик Тим , Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Рожер Федерер и  Италијанецот, Матео Беретини кој триумфира на „Србија опен“. 
 
Единстената промена во ТОП 10 кај дамите односно на ВТА листата е влезот на Холанѓанката, Кики Бертенс на десетата позиција, додена на првите девет нема промени, па така и натаму убедливо прва е Австралијката,  Ешли Барти која победи на турнирот во Штутгат, а зад неа се Јапонката, Наоми Осака и третопласираната Симона Халеп  од Романија. 
 
Десетка ја комплетираат Софија Кенин, Бјанка Андрееску, Арина Сабаленка, Серена Вилијамс и Каролина Плишкова.