Ракомет
14. May 2021 - 16:17

Надал преку Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Рим

На  АТП Мастерсот во Рим денеска на програмата дуелите од 1/4 финалето  мажи 
 
Вториот носител во Рим, Рафаел Надал по вчерашниот исцирпувачки меч против Канаѓанецот, Шаповалов денеска одигра маестрално во дуелот против Германецот, 
Александер Зверев кого го совлада со 2:0 по сетови 6-3 и 6-4. 
 
Надал во полуфиналето ќе игра против Американецот, Рајан Опелка кој исто така во два сета беше подобар од Аргентинецот, Делбонис.
 
Третиот четвртфинален дуел во кој се среќаваат  топ фаворитот Новак Ѓоковиќ и  Гркот, Стефанос Циципас, е прекинат во првиот сет при резултат 4-3 за Циципас поради дожд. 
 
Во последниот четвртфинален меч ќе играат Русинот, Рубљев и  Италијанецот, Сонего.