Над пет милиони швајцарски франци за рамномерен регионален развој
До крајот на 2020 година Македонија има на располагање 5,4 милиони швајцарски франци кои ќе бидат имплементирани за рамномерен регионален развој.
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу потсети на потпишувањето на Договорот за имплементација на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финасиран од швајцарската Влада, а кофинансиран од Министерството и од Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања.
Тој ја истакна поддршката од над 2,5 милиони швајцарски франци за подготовка на проекти во неколку области-поттикнување на развојот на туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија.
- Главно станува збор за инфраструктурни проекти кои можат брзо да продуцираат ефекти, како и изработка на техничка документација за големи регионални проекти со што ќе може да се аплицира во други фондови, рече Фазлиу на презентацијата на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.
Амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада посочи дека се свесни оти треба да се преземат многу мерки за да се подобри ефективноста на политиките за регионален развој. Неопходно е, како што рече, да се доделат буџетски средства според нивото на развој на планските региони, поголема транспарентност и учество на граѓаните во планирање и спроведување на регионалниот развој.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација