Loading Video...
Свет
26. October 2020 - 16:34

Над 43 милиони луѓе во светот се инфицирани од корона вирусот

Над 43 милиони луѓе во светот се инфицирани од корона вирусот. Дражвите ги заоструваат или планираат нови мерки. Словенија забрани движење меѓу општините на територијата на целата земја, додека Бугарија размислува за онлине настава. Лошата ковид статистика продолжува и во Хрватска. 17 годишно деовјче од Сплит е мегу 15 снмртни случаи регисиррани во последените 24 часа. Рекорди на заразени урива и Италија, па Владата од денеска ги прошири мерките - рестораните, баровите и кафулињата ќе работат до 18 часот а затворени се спортските сали, базени, кина и театри.

Спортските сали и базените се затворени и во Белгија а работното време на продавниците се орагничува на 20 часот. Маските се задолжителни и на јавни места. Заосторување на антиковид мерките најави и чешкиот премиер

Позитивна вест стигна од Мелбурн. По повеќе од 4 месеци без нов случај на ковид.

Со нула случаи и толку многу тестирања за време на викендот можеме да кажеме дека сега е време да се отвориме, рече премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.

Австрлискиот град влезе во карантин пред 111 дена. На граѓаните им беше наредно да останат дома, се органичија патувањата ,се затворија проданвиицте и рестораните. Карантинот како и масовното тестирање досега се покажуваа како најефиканси мерки  во борбата  против ширењето на ковид покажуваат податоците. Трката за ковид вакцина е во тек. Вакцината на Универзитетот Оксфорд и копманијата Атсра Зенека се очекува до крајот на годината објави Фајнешл Тајмс. Претхнодно СЗО соопшти дека тие се најбислку до успешно откривање на сигурна вакцина против ковид.