Македонија
22. March 2017 - 12:26

Над 250.000 граѓани низ цела Македонија застанаа во одбрана на државата

Над 80 илјади луѓе излегоа на улиците само во Скопје, а вкупно над 250.000 илјади луѓе низ 43 места во цела држава. Во Скопје вриеше како во кошница- народот и вчера застана во одбрана на државата и се крена против антидржавните политики на СДСМ и партиите кои ја прифатија штетната тиранска платформа.

Ултимативно против платформата, илјадниот народ како никогаш до сега, организиран од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ги зацементира македонските позиции во однос на државните интереси.

Невидена енергија низ цела Македонија- луѓе стари и млади, од сите возрасти и националности излегоа по улиците за да се слушне нивниот глас.

Патриотски извици и пораки: Нема да помине платформата, Едно име имаме, Македонија е се што имаме- се извикуваше низ скопските улици.

Му беше подарен симбол на претседателот Ѓорге Иванов, маичка со порака 4 Илинден, како знак на благодарност за досегашните залагања и отстапениот термин за средба со Јоханес Хан.

Беа испратени и пораки до Хан дека на улиците има народ кој е повеќе од спремен да докаже дека во Македонија живеат горди луѓе, со високо крената глава и исправена кичма.

Битката на граѓаните продолжува и денес и се` до конечно остварување на целта.