Loading Video...
Свет
2. October 2022 - 16:30

Над 120 мртви во фудбалско стампедо во Индонезија

Натпревар помеѓу Арема и Персебаја Сурабаја од фудбалското првенство на Индонезија заврши со голема трагедија во која загинаа најмалку 125 лица а над 180 се повредени. Меѓу загинатите има и малолетници.

Околу 3000 приврзаници на Арема синоќа упаднаа на теренот на стадионот Канџурухан во Маланг и ги нападнаа фудбалерите на нивиот тим откако загубија со 2 спрема три од гостинскиот тим. Во обид да ја смират ситуацијата, безбедносните сили употребиле созлавец, вклучително и на преполните трибини на кои имало околу 40 000 луѓе што довело до стампедо и случаи на задушување.

Според правилата на ФИФА, солзавец не смее да се користи на фудбалски натпревари. Индонезиската влада се извини за катастрофата, една од најсмртоносните на спортиските стадиони ширум светот и вети дека ќе ги истражи нејзните околности.