На влезовите во Струмица се делеа маски и се мереше температура на патници
Во организација на Одделот за превенција при СВР-Струмица и Општинската организација на Црвен крст Струмица на влезовите во градот се делеа маски и се мереше телесната температура на патниците.
-Целта на ова превентивна активност е да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да укажеме на задолжително носење на заштитни маски и почитување на одлуките и препораките од Владата на Република Северна Македонија, изјави Хризантема Рендевска, началник на Отсек за превенција при СВР-Струмица.
Црвениот крст најавува продолжување на овие активности и во наредниот период.
-Со нашите волонтери ќе продолжиме да делиме заштитни маски, кои се донација од една општествено одговорна компанија, рече Маријана Тошева, секретар на Општинската организација на Црвен крст-Струмица.
Oд патниците, кои беа контролирани на влезот во Струмица од Радовиш,немаше ниту eден со зголемена телесна температура. Доколку кај некој од нив се забележи повисока температура граѓанинот ќе биде спроведен во Центар за јавно здравје, каде се утврдува дали се работи за моментно зголемена температура или за присуство на коронавирус.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација