Македонија
16. December 2019 - 8:43

На Шапка 15 сантиметри снег

Најстудено утрово е во Тетово, Битола и Берово, минуст три степени, а максимални осум се измерени во Дојран.

Минус еден е во Крива Паланка и Куманово, нула во Скопје, Прилеп, Штип, Струмица и Дебар, еден во Лазарополе, Охрид, Демир Капија и Гевгелија, два во Маврово и Претор, како и четири степени во Виница и Крушево.

Како што информира УХМР, до седум часот висината на снежната покривка е 15 сантиметри на Попова Шапка и два во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и максимална температура до девет степени.