Македонија
28. January 2022 - 16:35

На повидок можна нова коалиција во албанскиот политички блок

Пролетта може да донесе нова коалиција во албанскиот опозициски блок. И во БЕСА и во Алијанса не кријат дека постои расположение за заедничка борба против ДУИ. Лидерот на БЕСА вели дека е подготвен од април да влезе во широк фронт за делегитимација на власта

И во Алијанса се расположени за соработка. Велат, за нив, сојузник е секој кој има за цел да му застане на патот на ДУИ

Од денеска во редовите на БЕСА се приклучи и Фатмир Лимани кој лани си замина од ДУИ и беше независен кандидат за градоначалник на Кичево. 

Тој е поранешен функционер на интегративците и близок роднина на лидерот Ахмети, а неговото политички движење има свои ограноци во неколку општини низ Македонија. 

Во ДУИ велат дека не се загрижени. Со среќа нека им е на сите кои мислат дека има подобра и посилна партија од ДУИ, порачаа од Мала Речица.