Бизнис
22. March 2017 - 20:08

На пазарот на труд во моментов се бараат над 6.000 работници

Над 6000 слободни работни места и над 220.000 невработени. Работодавачите имаат проблем да ги поплнат слободните позиции затоа што на пазарот нема кадар кој одговара на нивните барања.

Има правници, економисти, гимназијалци без работа, а се бараат програмери, инженери од сите области, кадар со средно техничко образование. Познавачите на пазарот на труд велат, време е за темелни реформи во образованието кое ќе почне на стопанството да му го испорачува тоа што му е потребно.

Не се само ниските плати проблем за слабиот интерес кај младите за техничките занимања, туку и менталитетот.

Стапката на невработеност на крајот на минатата година падна на 23,1% што е историски резултат. Статистиката покажува дека лани биле отворнеи над 20.000 работни места, но и натаму највисока е невработеноста меѓу младите луѓе.