Loading Video...
Македонија
11. August 2020 - 16:58

На летот до Финска имало транзит патници, во Македонија влегле без ПЦР тест

Комисијата за заразни болести размислува дали да воведе задолжителен ПЦР тест за сите странски државјани кои транзитираат низ земјава. Ова следи по авионскит лет на релација Македонија-Финска, каде од 157 патници, 24 лица биле позитивни на Ковид 19, по тестирањето на финскиот аеродром во градот Турку.

Од Mинистерството за здравство велат дека ниту еден од патниците кои првично влегле во земјава немале решение за изолација.

Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Северна Македонија или транзитираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Евроша, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата, велат од министерството.

Од патниците, најбројни биле оние кои летале со косовски пасош и тоа 95 на број. Со фински патувале 60 лица, а со македонски документи само двајца.

Инаку според владина одлука, државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина не треба да приложат ПЦР тест доколу транзитираат низ земјава. Доволно е само да покажат авионска карта и да потпишат изјава дека ќе ја напуштат земјата во рок од 3 часа.

Инаку ковид летото, викендов ја крена Финска на нозе, па тамошните власти решија да ја снемат политика. Здолжителниот двонеделен карантин и тестовите за коронавирус по случаен избор по пристигнувањето во Финска ќе се применуваат за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последниот 14-дневен период. На секој оној кој нема да ги почитува мерките, ќе му биле изречна парична казна или затвор од 3 месеци.