Бизнис
29. July 2021 - 16:51

На изненадување, регулаторната комисија ја намали цената на парното за 4%

Парното поевтинува за 4 проценти. Корисниците кои се приклучени на мрежата на БЕГ за август ќе добијат за 4,3 проценти пониски фактури. Сметките на ЕСМ Енергетика, компанијата која бараше најголемо поскапување, од  65 отсто,  незначително ќе се намалат. Приклучените на топланата Скопје Север пак ќе добијат исто така минимално  намалување  од 1, 2 проценти. Компаниите  не се задоволни од одлуката на РКЕ. Но од комисијата тврдат дека нивната одлука  е донесена врз основа на реални пресметки. Претходно сите три компании побараа зголемување.

Од РКЕ велат дека еден од параметрите поради кои е намалена цената е тоа што на мрежата има 2.000 новоприклучени потрошувачи. Затоа од комисијата инсистираат побргу да се донесе законот со кои сите градежни инвеститори нема да можат да градата , ако претходно немаат приклучок за парно.

Се уште најмал број корисници  има на топланата  Скопје Север, околу 500 тини. Од РКЕ велат дека ќе се преземат  сериозни чекори да се вратат потрошувачите на мрежата. Најголем број  има на БЕГ -  56 илјади, а 4.000 граѓани се на мрежатa на ЕСМ Енергетика или го користат така нареченото железарско парно.