Loading Video...
Македонија
22. April 2021 - 19:49

МЗТ Скопје со победа се прости од АБА 2 лигата

Македонскиот претставник МЗТ Скопје со победа се прости од АБА 2- лигата откако не успеа да избори учество во плеј-офот на регионалното натпреварување. 
Победата од 92-86 беше недоволна да се анулира предноста на Младост од Земун од првата средба на која српскиот тим славеше со 20 поени разлика. 
Уште на стартот се виде дека гостите нема да дозволат изненадување и поведоа со високи 11 поени. 
Сепак во втората четвртина  Металците одиграа одлично и со серија од 26-14 на пауза замина со четири поени предност. 
И во вториот дел  македонскиот тим беше во водство  но најмногу до 5 поени што отвори простор да се нападне високата победа на Младост од првата средба. 
Гравет, Карачиќ и Олуџоби постигнаа по 17 поени кај МЗТ Скопје додека кај Младост се истакна Гумболт со 14 поени.