Loading Video...
Кошарка
3. јуни 2021 - 11:20

МЗТ Скопје поведе со 1:0 во финалето против Еуро Никел

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во тесен меч го победија Еуро Никел со 83-81 и поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј-офот.
 
Иако аеродромци лошо го отворија мечот па на почетокот имаа и негартива од 12-0, во продолжението ги консолидираа своите редови и на полувремето заминаа со позитива од четири и поени (41-37).
 
Во вториот дел избраниците на Дарко Радуловиќ во повеќе наврати имаа и двоцифрена предност, но кавадарчани успеваа да се вратат во игра, па дојда и до неизвесна завршница во која сепак МЗТ не дозволи комплетен пресврт, па на крајот аеродромци славеа со 83-81, за водство од 1-0 во победи во серијата подобар до три. 
 
Следниот натпревар на програмата е веќе во петок (4 јуни) и тоа во Гевгелија (17 часот), каде каварадчани ги играат натпреварите како домаќини, додека третиот меч во Скопје е закажан за во недела (6 јуни).