Loading Video...
Кошарка
14. September 2020 - 14:30

МЗТ Скопје побара итно Собрание на АБА, на кое аеродромци ќе добијат прволигашки статус

На состанокот на Собранието би се разговарало за најавеното откажување на словенечкиот тим Копер Приморска и за формализирање на веќе донесената одлука, дека место ќе биде пополнето токму со тимот од Аеродром.
 
„Како што сте запознаени, на Собранието одржано на 16 јули 2020 година, беше решено МЗТ Скопје Аеродром да добие специјална покана за Првата АБА лига во ситуација некоја екипа да се откаже, а што сега би можело да се случи. 
 
Согласно тоа, очекуваме дека следниот собир на Собранието на АБА ЈТД лигата, за која веруваме дека ќе се случи во најкус можен рок, само формално ќе ја спроведе оваа одлука....
 
За нашиот клуб, играњето во регионалното натпреварување е од огромно значење, поради што сакаме да имаме чиста слика за тоа каде ќе настапуваме, со цел да се организираме на највисоко ниво и пред се да (до)обезбедиме средства за што поквалитетен настап против големите имиња кои настапуваат во Првата АБА лига“.
 
Барањето на аеродромци е легитимно и разбирливо, имајќи го во предвид пред се краткиот период од петнаесетина дена колку остануваат до стартот на новата сезона најавен за 1 октомври.