Loading Video...
Кошарка
30. March 2020 - 19:15

МЗТ Скопје бара почитување на основните принципи на АБА лигата

Прекинот на натпреварите во првата и втората јадранска кошаркарска лига ја принуди управата на МЗТ Скопје да испрати писмо до челниците на АБА лигата во кое бара да важи националниот клуч и директен пласман на македонскиот претставник во елитната АБА лига. 
Во писмото  на МЗТ се посакува здравје и безбедност на сите екипи учеснички во јадранските лиги но и разбирање за ситуацијата со пандемијата која доведе до прекин на сите натпревари. 
Се поизгледно е дека актуелното првенство нема да заврши и иако посакуваме сите дилеми да се решат на спортски начин и на паркетот јасно е дека ќе мора да се донесе одлука за евентуалните сценарија поради предвремениот прекин на сезоната. 
Ставот на МЗТ Скопје Аеродром е доколку првенството административно и предвреме се заврши да се направи некаков компромис за тоа како ќе изгледа АБА-лигата следната сезона. Во тој случај нашиот клуб никако не смее да биде заобиколен во таквите комбинации. Нашето размислување е дека ова заедничко натпреварување мора да се врати на своите корени,односно на основните принципи од основањето, дека тоа, пред сè, е лига на екипи од СИТЕ држави од територијата на поранешна СФР Југославија, во која треба, па дури и мора да има и тим од Македонија.
Да потсетиме МЗТ Скопје е меѓу најдобрите екипи во втората АБА лига каде обезбеди учество во плеј-офот.