Loading Video...
Кошарка
16. October 2019 - 19:44

МЗТ на врвот во втората АБА лига

Кошаркарите на МЗТ СКопје играат одлично во новата сезона во  Втората АБА лига и ја остварија третата победа. Овојпат убедливо со 74-54 совлада словенечката екипа Рогашка.

Македонскиот шампион за разлика од претходните два натпревари се фокусираше на одбраната и му дозволи на противникот да постигне помалку од 60 поени. Особено добро штрковите одиграа во втората четвртина во која гостите забележаа само  5 поени што беше и клучен период на натпреварот.

Радува што  и покрај убедливото водство по трите четвртини од 17 поени разлика  металците не застанаа туку продолжија со притисокот и лесно стигнаа до третата победа што потврдува дека се цврсто решени да се вратата во елитата. Дамјан Стојановски беше лидер на тимот со 18 поени додека Крстевски застана на 13.

Првиот стратег на МЗТ Ѓорѓи Кочов ја пофали играта во одбраната: „  Ова е речиси  нова екипа, допрва се запознаваме и полека прераснуваме во тим. Одиме понатаму, од меч во меч, без да се вртиме назад“,  изјави Кочов  и најави уште една добра игра против Борац во Скопје.