Македонија
14. July 2020 - 16:51

МВР поднесе кривични за двајца градоначалници за предизборен поткуп

Двајца градоначалници од југоистокот се сомниучат за пред изборен поткуп на гласачи, соопшти денеска МВР.

Во едниот случај, граѓанин пријавил дека градоначалник и повеќе лица вршеле предизборен поткуп во едно село. Полицијата извршила разговор и во и во координација со Основното јавно обвинителство Гевгелија преземени се мерки за утврдување дали има инволвираност на други лица.

Во вториот случа, станува збор за снимка објавена на платформата Јутјуб. Едно лице ја потврдило автентичноста на снимката. Полициски службеници се обиделе да врачат покани за разговор на повеќе локални функционери од струмичкиот регион, но тие не биле пронајдени дома. Лицето кое ја потврдило автентичноста пријавило и притисоци и закани од страна на полициски службеници кои од него барале да изјави дека снимката е само шега.

Извршен е претрес и кај 35-годишен велешанец кај кого биле пронајдени списоци со лични податоци и матични броеви на 250 лица и еден мобилен телефон. Велешанецот е уапсен поради сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“. Овие 250 лица за возврат требало да добијат пари. МВР истражува и дали во овој случај биле инволвирани и други луѓе.

Два одвоени случаи имало и во Штип. Пронајдени биле 100-тина документи и патни исправи кои биле чувани во залог со цел да бидат користени на изборите. Во штипско село кај неколку лица пронајдени биле поголем износ на пари и списоци со луѓе кои биле потенцијални гласачи на една политичка партија.

Внатрешната контрола на МВР утврдила и дека тројца полициски службеници од Куманово, Дебар и Шуто оризари биле вклучени во кампања.

Едно лице од Скопје било повикано на разговор поради објава на социјалната мрежа Фејсбук, а од МВР велат дека во следниот период и други лица ќе бидат повикувани на разговор.

Од МВР велат дека за овие случаи поднесени се серија поднесоци до надлежните органи.