Македонија
2. December 2022 - 16:32

МВР нема пријава за избркани полицајци од Арачиново, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за тежок скандал

МВР истражува дали полициска патрола пред два дена со закани била избркана од вооружена група во скопско Арачиново.

Повикувајќи се на сведоци на инцидентот вчера повеќе медиуми објавија дека 4цата полицајци претохдно сопреле син на полицаец кој немал никакви валидни документи, а при обидот да го пријават овој случај во полицискиот пункт во Арачиново влегла вооружената група и ги избркала. 

Ден подоцна министерот Спасовски вели дека пријава за ваков случај нема, a крим техника и внатрешните контроли работат на  утврдување на деталите. Единствена пријава од таа вечер во Арачиново има од граѓани кои се пожалиле на недолично однесување од полицајци.

Вооружена група блиска до власта брка полицајци е единствен ваков случај во светот, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата бараат итна оставка од министерот Спасовски.     

Ако некој се чувствува моќен за неказнето вооружен да влетува во полициски објект и да брка и да се заканува врз полициски службеници коишто се повлекуваат, кој може да ја гарантира безбедноста на медиумите или на граѓаните после ова било каде?

Оттука, ги повикуваме професионалците во МВР да преземат мерки во насока на заштита на јавниот ред и мир, во насока на заштита на медиумите, но и за ставање крај на политичките злоупотреби на полицијата, вистински да застанат во функција на обезбедување на јавен ред и мир и справување со енормно нараснатиот криминал и да го расчистат случајот.

Оливер Спасовски мора да замине од МВР, затоа што по 7 негови години, криминалот цвета, полицајците се цел на потсмев, а полицијата е логистика на белосветската мафија, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

На повиците за негово повлекување, министерот Спасовски вели дека прво треба да се утврдат деталите, а дури потоа да се зборува за понесување одговорност.