Македонија
9. April 2020 - 17:43

МВР: Лицата на кои им завршува државниот карантин викендов ќе може да заминат со претходна најава на лицата и возилата што ќе дојдат по нив

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека лицата кои се во државен караантин и кои за време на викендот треба да го напуштат, на полициските службеници ќе треба да им достават име и презиме на лицето кое ќе треба да ги земе, како и податоци за неговото возило.

– Лицата сместени во државен карантин, а кои треба да го напуштат државниот карантин, за време на викенд, кога е ограничено движењето, или пак се од градови каде има ограничување на движење преку целата седмица, ќе бидат прашани од страна на полициски службеник за име и презиме на лице и податоци за возило кое ќе дојде да го изврши транспортот. Полициските службеници имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото кое ќе дојде по нив, се наведува во известувањето од МВР.