Македонија
5. December 2022 - 16:42

МВР го заврши извештајот за протечената снимка од сведочењето на Димовски, институциите не откриваат детали

Собранието го доби полицискиот извештај за аудио снимката која протече од затворената собраниска комисија додека траеше расправа за државјанството на украинскиот олигарх Онишченко. Министерот за внатрешни Спасовски потврди дека истрагата е завршена но дека наместо само за овој случај , истрагата била и проширена, но конкретно за што - не открива.

Од кабинетот на собранискиот спикер Џафери засега не одговараат , што содржи полицискиот извештај, но и дали некој ќе понесе одговорност за ваквиот пропуст. Од Обвинителство за Сител велат дека извештајот се уште не е пристигнат ....

А откако дури четири државни институции дале зелено светло за државјанството на Онишченко, меѓу кои и владата, сега токму премиерот Ковачевски најавува дека на следната владина седница ќе биде почната и постапката за одземање на државјанството.

За првиот човек на АНБ како клучна институција, вината за македонското државјанство на Онишченко била само кај еден вработен од Агенцијата кој ставил потпис без НАТО безбедносни проверки.

Од полицискиот извештај  ќе зависи и кога ќе продолжи седницата на која директорот на АНБ Виктор Димовски треба да го образложи целиот случај.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ веќе реагираше дека одговорност за случајот Онишченко мора да има од Виктор Димовски , наместо тој да се спрема за амбасадорската позиција.