Македонија
6. јуни 2023 - 9:11

МВР: Четири лица со експлозив го разнеле банкоматот, но не успеале да ги земат парите

Во Бутел утрово четири лица со експлозив разнеле банкомат на NLB.

Настанот се случил утринава околу три часот. Тие ја активирале експлозивната направа, но не успеале да го пробијат банкоматот а со експлозијата оштетиле три возила кои биле паркирани во непосредна близина, велат од МВР за „Макфакс“.

Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот“.