МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период
Во тек е исплатата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2021/2022 година со која се опфатени вкупно 27 430 корисници на ниво на држава, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството информира дека исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа – за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година.
– Исплатата на додатокот за образование изнесува по 2.100 денари во четири еднакви износи, на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, стои во соопштението.
Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари, потсетува Министерството.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина
-
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји
-
Екипи на ДПИ на терен, мониторинг на цените на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“
-
Обвинителството оформи предмет за лицата ставени на „црната листа" на САД