Македонија
19. September 2021 - 16:45

Моторџиите од Струмица побараа поголема безбедност во сообраќајот

Моторџиите се едни од нај совесните учесници во сообраќајот а не  главни виновници за одредени несреќи што се случуваат. Ова е само една од пораките која  беше испратена од мото собирот што се одржа во Струмица ,а на кој учествуваа членови на повеќе мото клубови од државата. Велат возеле низ Македонија не само за средба и размена на искуства туку и да апелираат за безбедност во сообраќајот и  редовно сервисирање и одржување на патишта.

,, Сакаме да испратиме порака дека возиме за редовно сервисирање на како на магистрални така и на регионални и локални патишта, безбедност во сообраќајот, тоа е основното и да се испрати една порака до сите учесници во сообраќајот дека моторџиите не се дежурните виновници за различни незгоди во сообраќајот.,, вели Александар Божинов – БАЈКЕРС ГАРАЖ

Вљубениците во моторите викендов возеа и за почиста животна средина,а собирот го искористија да им порачаат на сите кога одат во природа да бидат одговорни за истата и да го собираат сметот после нив.

,, Кога ќе дојдат луѓе на викенд, на пикник кога ќе завршат треба да си го соберат тоа што го оставиле позади нив. Моторџиите се луѓе кои кога ќе дојде викенд задолжително имаат рута, возат и надвор од државата и секаде каде што ќе одат, после нив се собира се.,, вели БОЖИНОВ

Мото собирот беше реализиран како иницијатива  на повеќе мото клубови од државата. Првично требаше да одржи пред една недела и да има меѓународен карактер, но истиот беше одложен поради деновите на жалост. Организаторите најавуваат дека настанот  ќе прерасне во традиционален, а веќе од идната година ги очекуваат и нивните колеги од земјите од регионот.